
06.07.2022 Скопје
Кај плоштадот „Скендербег“ беа пречекани граѓаните кои излегоа да протестираат против францускиот предлог, од група луѓе кои ги нападнаа со камења и други предмети.
Освен тоа што некои гаѓаа со камења, стаклени шишиња и други тврди предмети, беше забележано и едно лице кое извади пиштол и се закануваше дека ќе пука кон толпата на луѓе.
Според првични информации, лицето е приведено од полициски службеници и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Лицето што ги нападна луѓето кои мирно протестираа е член во опозициската албанска партија и функционер на опозицијата, додека неговиот брат е директор на Комунална Хигиена во Скопје.
Подготвено од М.Н.