13.07.2022 Скопје
Го предизвикавте ова и сега сме на работ на нуклеарна војна, изјави потпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Потпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Захарова изјави дека откако испровоцираа ескалација на украинската криза и покренаа насилна хирбидна конфронтација со Русија, Вашингтон и неговите сојузници опасно балансираат на работ на отворен воен конфликт со нивната земја, што значи директен вооружен конфликт меѓу нуклеарните сили.
Захарова, исто така, ги критикуваше обидите на Јапонија да ја прикаже Русија како земја која се заканува со нуклеарно оружје, и посочи дека таквите обиди се неприфатливи за Москва.
Подготвено од М.Н.