26.07.2022 Скопје
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на прес-конференција порача дека сите заедно треба да се грижиме и да работиме за Скопје да биде модерен и секој ден се поубав град.
Арсовска положи цвеќе на Споменикот на жртвите од кобниот земјотрес и истакна дека освен тоа што секоја година на овој ден ги споменува жртвите од овој трагичен настан, треба да гледаме и како Скопје прерасна во прекрасна метропола и во град на солидарност, соживот, бидејќи голем број на нации пристапија кон помош и придонесоа Скопје повторно да биде издигнат од рушевините.
На веб-страната на Град Скопје се наведува дека е донесена Одлука за основање на јавна установа за урбанизам на Град Скопје „Кензо Танге“, која ќе биде со цел за подигање на стандардите и квалитетот на вршењето на работите од урбанистичкото планирање, како и за обезбедување на оптималните услови за вршење на дејноста, уредени со Законот за урбанистичко планирање.
Подготвено од М.Н.