01.07.2022 Скопје
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека во Софија специјалните единици на Северна Македонија и Бугарија имаат заеднички вежби. Исто така, додаде дека двете соседни држави и меѓусебната соработка се во заеднички интерес, бидејќи да се има добар резултат е бенефит и за двете земји, но и за целиот регион.
Спасовски истакна дека посветеноста на МВР на Република Северна Македонија во унапредувањето и продлабочувањето на билатералната и оперативната соработка со бугарското МВР, во насока на зајакната национална соработка, како еден од главните приоритети, посебно во делот на сузбивање на организиран криминал, трговијата со луѓе, недозволената трговија со дрога и справување со илегалната миграција.
Од особена корист би било и формирање на заеднички аналитички групи, со цел за изработка на заеднички стратегиски проценки кои би идентификувале закани од висок ризик за двете држави.
Министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Бојко Рашков, ги оценил како одлични односите во делот на внатрешните работи и безбедноста меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.
Рашков ја споделил увереноста дека активниот и отворениот дијалог за сите теми од заеднички интерес ќе биде поддржан и продлабочен и во иднина.
Рашков нагласи дека Република Бугарија е подготвена да ја развива и продлабочува билатералната соработка и споделувањето на искуства и експерти од областа на внатрешните работи, како држава членка на ЕУ. Воедно, дека заедничките вежби на специјалните антитерористички единици на двете држави, што се реализираат денеска, се уште една потврда за добрата практична интеракција од областа на внатрешните работи.
Подготвено од М.Н.