https://pbs.twimg.com/media/FPL-gAfXoAMf29n?format=jpg&name=large

01.07.2022 Скопје

Бугарската министерка за надворешни работи во оставка, Теодора Генчовска, изјави дека чекаат инструкции од премиерот Кирил Петков за протерувањето на руските дипломати од Бугарија.

Генчовска истакна дека се разговарало за ситуацијата со протерувањето на 70 вработени во руската амбасада и заканата од страна на Русија дека ќе ја затвори својата мисија во нивната земја, доколку не ги повлечат двете ноти. Исто така, истакна и дека институциите во Бугарија строго ја следеле процедурата и побарале инструкции од Советот на министри, кои им одобриле да постапат целосно по процедурата.

Дали овие 70 луѓе работеле против интересите на Бугарија, Генчовска не е запознаена, бидејќи во МНР пристигнуваат само имиња со лични податоци.

Подготвено од М.Н.

About Author