03.07.2022 Скопје
По состанокот на Советот за безбедност, на кој се разгледуваше модифицираниот предлог од француското претседателство со ЕУ, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски изјави дека според него предлогот е прифатлив.
На состанокот присуствуваше и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Предлогот, за кој изјави Пендаровски дека според него е прифатлив, се однесува за почетокот на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија.
Подготвено од М.Н.