https://www.facebook.com/photo/?fbid=475985151197641&set=pcb.475985577864265

23.07.2022 Скопје

Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, од Охрид изјави дека ставот на Владата е конзистентен, а тоа е дека за јазикот, идентитетот и културата не преговараме. Воедно, додаде и дека во Преговарачката рамка нема фусноти, нема никакви додавки, македонскиот јазик е македонски, кој што е кодифициран во 1945 година и за тоа нема никакво оспорување и никакво преговарање.

Министерката за култура Стојчевска истакна дека како што кажала и на отворањето на „Охридско лето“, исто како што кажувала секој ден дека ако некој сака да го убеди народот дека они не го признаваат македонскиот јазик, токму тие зборуваат на македонски јазик и тоа никој и никаде не им го оспорува.

Подготвено од М.Н.

About Author