https://www.facebook.com/photo/?fbid=432252185582386&set=pb.100063928230945.-2207520000..

06.07.2022 Скопје

Германскиот специјален претставник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, кој е во официјална посета на нашата земја изјави дека Германија е на страна на Северна Македонија и ќе се залага европската перспектива на Западен Балкан активно да заживее. Сарацин на прес-конференцијата со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, рече дека вратата кон пристапување на Северна Македонија кон ЕУ со овој договор е широко отворена, но тоа е одлука на Северна Македонија и на нашата политика.

Според Сарацин, овој договор е добар бидејќи се земени во предвид барањата на Владата на Северна Македонија и истиот предвидува процесот на пристапните преговори да започне веднаш без одолговлекување. Воедно и посочи дека разбира дека има и критики за предлогот, дека постои грижа за сопствениот национален идентитет при што потенцираше дека за Германија е многу јасен, но рече дека со предлогот нашиот идентитет е сочуван.

Сарацин истакна и дека овој договор треба да биде прифатен сега, бидејќи смета дека можеби повторно нема да добиеме можност за некој нов договор кој ќе биде подобар од овој.

Подготвено од М.Н.

About Author