15.07.2022 Скопје
Повеќе од 24 часа, екипите на ЈП Водовод-Охрид, активно работат на санација на голем дефект на улицата „АСНОМ“.
Покрај непристапноста и тешките услови за работа на терен, во текот на денот се очекува да се заврши санацијата и целосно да се нормализира водоснабдувањето на тој дел.
Од јавното претпријатие изјавија дека дефектот е настанат при вршење на ископ за изградба на станбен објект од страна на градежна компанија, оштетена е главната водоводна линија, односно цевка со голем профил ф-350 мм и затоа за целосна санација потребно е повеќе време.
Подготвено од М.Н.