09.07.2022 Скопје
Претставници на енергетскиот сектор од Северна Македонија, Србија и Албанија, ќе одржат состанок кон средината на јули во Тирана. Состанокот ќе се одржи за заедничка платформа за кризната состојба во регионот и обезбедување на доволни количини на енергија за зимскиот период. Ова е договорено на состанокот на Отворен Балкан, на кој присуствуваше и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Како што соопшти ЕСМ, премиерите Ковачевски, Рама и Вучиќ на состанокот кој беше одржан претходниот ден, една од темите била енергетската координација во пресрет на следната грејна сезона покрај евроинтеграциите, странските инвестиции и активностите за слободен проток на луѓе и стоки меѓу трите земји.
Подготвено од М.Н.