02.07.2022 Скопје
Од Министерството за внтрешни работи соопштија дека од страна на СВР Скопје е изготвен План за оперативна акција „Кафез“, во кој е вклучен Оперативен тим – Потраги кој презема низа оперативно-тактички мерки со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лица сторители на потешки кривични дела, за кои се предвидени повисоки казни затвор, лица кои повеќе години биле недостапни на органите на прогонот, како и лица кои избегале од КПУ – КПД на територија на Република Северна Македонија и лица предмет на потрага на Интерпол. Од страна на Оперативниот тим – Потраги лишени се 72 лица за издржување на вкупна казна затвор од 178 години и 7 месеци и за доиздржување на преостанат дел од казната затвор во траење од 129 години и 5 месеци затвор. Споредбено со податоците од првите шест месеци од 2021 година, ефикасноста е зголемена за 101%.
Од страна на останатите организационите единици во рамки на СВР Скопје се преземаа оперативно-тактички мерки со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лица, при што приведени се 138 лица за издржување на вкупна казна затвор од 144 години и 2 месеци и за доиздржување на преостанатиот дел од казната затвор во траење од 98 години и 11 месеци.
Подготвено од М.Н.