https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/271910533_484405659724074_2550839270098537355_n.jpg?_nc_cat=101&ccb=1-7&_nc_sid=09cbfe&_nc_ohc=fZIji_H-NLwAX-d91t-&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT_LwO9h4sLFXWPl5qDi13MDv2jG1CE_3S1v2VwgROhbaQ&oe=62DA420F

09.07.2022 Скопје

Во понеделник би можело да се знае кога ќе биде дебатата за францускиот предлог во Собранието. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, изјави дека кога ќе биде закажана седницата на чиј дневен ред би била информацијата, ќе се разговара на координацијата во понеделник на која како владин претставник ќе присуствува вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ. Воедно, имајќи во предвид дека до Собранието е испратена само информацијата, а не и документите, односно францускиот предлог, Џафери вели дека сите документи се веќе јавно достапни и секој може да ги види.

https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/292626590_458316092965642_5788806519827402938_n.jpg?_nc_cat=107&ccb=1-7&_nc_sid=09cbfe&_nc_ohc=dc7I0fH-m2cAX9T-D1q&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT9ifEBx2PYrMhi46RBozGv1AxAmEmluDOUAIpimdDmt8w&oe=62DA28AA

Од друга страна, координаторот на опозициската пратеничка партија изјави дека во Собранието е пратен само еден лист хартија, а ги нема важните документи, што според него е класична злоупотреба и симнување на најниско ниво на законодавниот дом.

Опозицијата изјави дека мора сите да го видат протоколот кој е усогласен, можеби и веќе е одобрен од Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, бидејќи во тој протокол се клучните елементи на кои се обрзува Македонија.

https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/292043543_595594765264771_3607228327691668458_n.jpg?_nc_cat=109&ccb=1-7&_nc_sid=8bfeb9&_nc_ohc=q9_BntQ1rR0AX8YKw1O&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT-HZkiTTSegEXntaUDuxx9fW19a2GO5PvU_VLBbGNWx0g&oe=62D30F66

Претседателот на државата Стево Пендаровски порача дека земјата мора да остане на европскиот пат со францускиот предлог и посочи дека првиот француски предлог не предвидува отворање на преговорите и скрининг, додека модифицираниот предлог ќе го има тоа и не се задира во идентитетот. Пендаровски додаде дека нема од што да се плашиме во тој документ, никој со сила не може да те направи Бугарин, и доколку лично се прашува, протоколот ќе го објавел уште пред една година.

Од опозициската партија на Северна Македонија изјавија дека договорот влегува во сила само кога ќе се промени Уставот, а за тоа е потребно двотретинско мнозинство, но без опозицијата тоа не може да се постигне, нивниот став е јасен и тие нема да гласаат за промена на Уставот и со самото негласање, договорот паѓа.

Подготвено од М.Н.

About Author