Image by Nadiia Ganzhyi from Pixabay

24.07.2022 Скопје

Потпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека руски проектили уништиле воена инфраструктура во украинското пристаниште Одеса.

По нападот на Одеса, град и пристаниште од витално значење за украинскиот извоз на жито, Украина го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека им „плукнал во лице“ на ОН и Турција и го доведе во прашање спроведувањето на договорот потпишан во петокот за деблокирање на извозот на жито.

Во вчерашната изјава до Турција, Русија негира дека е вмешана во тие напади.

Според потпаролот на украинските воздухопловни сили, два проектили ја погодиле областа околу пристаништето Одеса, а уште два биле соборени од украинската воздушна одбрана пред да ја погодат целта.

Руските напади врз пристаништето Одеса ги осудија генералниот секретар на ОН и други западни претставници.

Подготвено од М.Н.

About Author