https://www.facebook.com/photo.php?fbid=5202336673194556&set=pb.100002548239964.-2207520000..&type=3

18.07.2022 Скопје

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија пишува во колумна дека ова е итар обид да се промени „полот“ на цел народ.

Стоилковиќ во својата колумна напиша дека Македонците се доведени во нерамноправна, понижувачка положба во својата земја. Контролиран хаос, кој победува само еден, а тоа не се Македонците. Исто така, во неговата колумна стои и дека никој не е наивен, сите се свесни кој го уништува македонскиот Устав и инструментите за политичка стабилност и меѓуетнички мир.

Претседателот на Демократската партина на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, напиша и дека на најдиректен начин, исто толку студено и рамнодушно кон сопствениот народ, ја воведуваат земјата во бинационалност. Воедно и напомена дека во овој невиден обид на бугаризирање на Македонците, од претставници на месните национални заедници, на страната на македонскиот народ застанал само тој и дека е доволно да се знае кој бил на чија страна и останал доследен, а останатото ќе го каже историјата.

Подготвено од М.Н.

About Author