https://twitter.com/vonderleyen/status/1549708972713811972/photo/1

24.07.2022 Скопје

Шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Владимир Путин нема да успее со уцените со енергенсите, никој во Европа оваа зима нема да замрзне. Воедно, таа додаде и дека од почетокот на војната во Украина, Путин почнал да ја уценува Европа, но тој повторно ќе доживее неуспех, бидејќи планот за штедење на Европската Комисија содржи заштитна мрежа за сите членки на Европската Унија.

Лајен истакна дека и во случај на целосен прекин на испораките на гас од Русија, поради предлогот за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто од 1 Август до 31 Март, можно е безбедно да се помине зимата. Исто така, таа наведе дека Европската Комисија со загриженост ги следи последиците од високите цени на енергенсите и додава дека на располагање има голем број можни контрамерки и ја отфрла можноста за суспендирање на поддршката на Европската Унија за Украина, бидејќи нормализирање на односот со Путин е незамислив.

Подготвено од М.Н.

About Author