12.07.2022 Скопје
Од собраниската веб-страна информираат дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, за четврток закажа седница, на која ќе се води расправа за францускиот предлог. На закажаната седница треба да се обрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Извори од Собранието потврдија дека пратениците, денес, преку СМС-порака биле информирани за седницата на чиј дневен ред ќе биде содржината на предлог-преговарачката рамка.
Од кабинетот на претседателот на Собранието се уште нема официјална информација за закажаната седница. Собраниската прес-служба соопшти дека според барањата на Собранието од Владата да достави дополнување на Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка, според информации попладнево документите се доставени.
Документите, како што посочуваат од Собрание, се веќе доставени до сите пратеници.
Подготвено од М.Н.