30.07.2022 Скопје
Од страна на полициски слижбеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато, при Регионален центар за гранични работи Запад, во месноста Орман, атар на дебарско село Спас, во непосредна близина на граничниот премин со Република Албанија, пронајдени се повеќе парцели засадени со канабис.
На парцелите биле засадени околу 500 стебла, од кои на црниот пазар би се добила марихуана во вредност од околу половина милион евра, како и безжични камери и пумпа за тестирање на стеблата. Откако е пријавено по насока на јавен обвинител, дел од стеблата се одземени и се предадени на вештачење, додека останатите стебла се уништени.
Откако ке се расчисти и документира случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок за сопствениците на насадите.
Подготвено од М.Н