09.07.2022 Скопје
Во рамки на превентивна активност на СВР во Битола, патроли составени од полициски службеници од отсекот за превенција во содејство со Одделението за полиција и криминалистичка полиција, родители, педагошки служби и претставници од Советот за малолетничко престапништво во Општина Битола извршија обиколка на угостителски објекти, училишни дворови, паркови и друг јавен простор каде има присуство на малолетници во ноќните часови. Оваа активност, како што соопштија од МВР, е со цел родителите да се запознаат со ризиците на кои се изложени нивните деца при злоупотреба на алкохол, дрога и цигари.
За време на контролата извршени се легитимирање на лица, преглед и претрес кај младата популација, при што кај едно лице била пронајдена марихуана и е лишено од слобода.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Овие контроли ќе продолжат и во наредниот период, информираат од МВР.
Подготвено од М.Н.