https://www.facebook.com/NPoposki/photos/pb.100050484789786.-2207520000../1698720346838892/?type=3

29.07.2022 Скопје

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски, во гостување на една национална телевизија, изјави дека смета дека внесувањето на Бугарите во Уставот не е единственото барање од страна на Бугарија во врска со почетокот на преговорите на Северна Македонија во Европската Унија.

Имате поврзување, односно повикување на протоколите и тие се во делот на предусловите. Потребно е време за уставните измени и претпоставка е дека овие очекувања кои треба да произлезат од тие протоколи ке се исполнат во идниот временски период. Но треба да биде на чисто. Може да се смени Уставот, но повторно да ја нема таа меѓувладина, доколку има потешкотии во однос на останатите барања кои се повикуваат на протоколот од страна на Бугарија, изјави поранешниот министер за надворешни работи, Попоски.

Подготвено од М.Н.

About Author