https://www.facebook.com/photo.php?fbid=580324323451900&set=pb.100044230126236.-2207520000..&type=3

01.07.2022 Скопје

Пратеник од опозициската партија даде изјава со обвинување дека власта, односно Ковачевски и Османи се манипулатори и го кријат францускиот предлог од јавноста. Воедно, истакна дека овие двајца политичари, едниот премиер, другиот министер за надворешни работи, не запираат со манипулациите кон македонската јавност, особено за процесот за евроинтеграции, спорот со Бугарија и понижувачките педлози што ги прифаќаат, а лажат дека истите се видоизменети.

Пратеникот додаде и дека премиерот Ковачевски се обиде да ги изманипулира новинарите и јавноста дека неговото „НЕ“ во Брисел, предизвикало суштинско видоизменување на францускиот предлог, но сето тоа беше брзо демантирано од министерката за надворешни работи на Бугарија, а исто така демантирана е изјавата и од француската амбасадорка во Софија.

Опозициската партија го чувствува револтот на граѓаните и тоа е оправдано незадоволство, коешто се појавува од манипулирањето на Ковачевски и Османи.

Политичарот од опозициската партија во Република Северна Македонија истакна дека бараат од премиерот Димитар Ковачевски да престане да лаже и да го објави целиот предлог пред јавноста, ваквиот предлог не смее да помине, бидејќи Македонија со ова губи, се понижува, а на надворешно политички план нема да ја постигне целта ниту за членството во ЕУ, ниту за подобри пријателски односи со Бугарија.

Подготвено од М.Н.

About Author