25.07.2022 Скопје
Предводен од заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвенстиции, Фатмир Битиќи, владината делегација два дена ќе има интензивни работни средби со цел за заедничко справување со кризата и за ризиците од пожари во текот на летото.
Од Владата информираат дека на средбата на работните групи ќе се дефинира и начинот на активирање на идентификацискиот број за граѓаните на Отворен Балкан, како и отстранување на работните дозволи.
На крајот од дводневните работни средби, се очекува и завршна прес-конференција на која заклучоците ќе бидат презентирани пред целата јавност.
Подготвено од М.Н.