07.07.2022 Скопје
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека обидите од Западот да го ескалираат конфликтот и да се посее раздор во Русија, не им е успешен, предупредувајќи ги да се откажат од таквите обиди.
Путин изјави дека Русија е подготвена да се вклучи во мировни преговори со Украина, предупредувајќи дека оние што ги отфрлаат таквите можности треба да сфатат дека тоа само ќе ги отежни разговорите. Воедно, додаде дека Русија не ги одбива преговорите за мир, но оние што одбиваат или можеби мислат дека Русија веќе ги исцрпила своите капацитети во конфликтот, треба да знаат дека иако слушнале дека Русија е поразена на бојното поле, нека се обидат и нека знаат дека Русија всушност не ни почнала.
Путин упати порака до Украина и порача дека колку подолго одбиваат, толку потешко ќе биде подоцна да се преговара.
Подготвено од М.Н.