https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t1.6435-9/87058052_3743445159029031_4123141258103226368_n.png?_nc_cat=109&ccb=1-7&_nc_sid=09cbfe&_nc_ohc=tHXvySY7Oa8AX8uBROo&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT-rkKoLZTgMfufmy8NeDs_PXou1qSdADpSJB1GdhXlUTw&oe=62F56C76

10.07.2022 Скопје

На ребалансот на Буџетот доколку Владата не го прифати и изгласа зголемувањето од 2 806 денари, Синдикатот ќе бара зголемување од 18 отсто поголеми плати.

Трпе Деановски, претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) изјави дека Владата во овој момент апсолутно нема слух за сопствените вработени, бидејќи Владата е најголемиот работодавач во државата. Тој додаде и дека Синдикатот се уште го нема добиено барањето за линеарното покачување од 2 806 денари на платите за јавниот сектор, а истакнале дека даваат рок ако имаат нешто повторно за да се почне со социјален дијалог, ако не тогаш Синдикатот повторно ќе реализира протести. Освен протестите, ќе спроведат и колективни тужби против државата преку Меѓународната организација на труд и преку нашата европска и светска организација во која членува и ССМ. Моментално, Синдикатот има склучено околи пет-шест колективни договори со одредени општини, а веќе преговараат со 14-15 други општини, со што Деановски смета дека и работодавачите, односно градоначалниците имаат сфатено дека може да се направи договор и да им се удоволи на работниците да ја добијат оваа разлика од 2 806 денари.

https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/291030684_7986467164726788_481008816471968042_n.jpg?_nc_cat=109&ccb=1-7&_nc_sid=8bfeb9&_nc_ohc=4B6wC0LjBkwAX8qX9G0&tn=JTHpqs6rp324BXIq&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT93TILLfUyk7EBSBraoQl-czcpV_y3eimPXCszrzE7_EQ&oe=62D3FCC1

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски, потенцираше дека пред покачувањето на минималната плата во април, постоеле голем број на вработени во администрација кои биле под границата за минимална плата. Моментално, минималната плата е 18 000 денари и според сознанија на Деановски, во Управата во јавен сектор 96 проценти од вработените се под таа просечна плата и кој може да издржи со овие цени и цените што допрва ќе не чекаат до крајот на годината.

Подготвено од М.Н.

About Author