https://www.facebook.com/photo.php?fbid=433240288805392&set=pb.100063582736486.-2207520000..&type=3

24.07.2022 Скопје

Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на својот фејсбук профил објави дека со усвојувањето на Ребалансот на Буџетот за 2022 година имаат обезбедено економска стабилност и поголема финансиска поддршка за сите граѓани и компании во оваа кризна година.

Ковачевски објави дека со ребалансот се обезбедени 76 милиони евра за нови антикризни мерки, 32 милиони евра за зголемување на домашното производство на храна, зголемени плати во образованието и детската заштита, поголеми пензии и субвенции за земјоделците во државата.

Премиерот Ковачевски во објавата напиша и дека ребалансот кој е поздравен од Светската банка и прецизиран и пред граѓаните и пред бизнис заедницата, цели и кон поддршка на економијата за враќање во предпандемиското ниво.

Подготвено од М.Н.

About Author