05.07.2022 Скопје
Обезбедени дополнителни 25 милиони денари за здравството, животната средина и инфраструктурата со дополнителниот ребаланс на Буџетот, кој е увоен денес на седница на Владата.
Средствата се обезбедени преку прифаќање на амандманите во текот на комисиската распправа во Собраниската комисија за финансирање и Буџет по предлог ребалансот на Буџетот за 2022 година. Со измените и дополнувањето на Буџетот за 2022 година, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за 6,9 милијарди денари повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот.
Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,1 милијарди денари, при што се планирани инвестиции за реконструкција и опремување на јавните здравствени установи, инвестиции во областа на образованието, детската и социјалната заштита, патната, железничката и комуналната инфраструктура и многу други проекти.
Бруто инвестициите се очекува да имаат раст од 5 проценти при што и покрај капиталните буџетски расходи, соодветен придонес се очекува и од приватните инвестиции.
Подготвено од М.Н.