28.07.2022 Скопје
Од собраниската говорница, премиерот Димитар Ковачевски, истакна дека сите капацитети на Владата се ставени во функција за успешно справување со најтешката зима. Антикризните мерки, за кои во ребалнсот на Буџетот се обезбедени околу 76 милиони евра, ке бидат разгледани со коморите и сите засегнати страни, рече Ковачевски. Оваа најтешка зима е резултат на војната во Украина и сите проблеми што се случија на светскиот пазар со зголемување на цените на нафтените деривати и на електричната енергија за која постои можност дека ќе ја нема во доволни количини на европскиот континент.
Во однос на зголемувањето на цените на храната, Ковачевски посочи дека се обезбедени 32 милиони евра за зголемување на домашното производство на храна, а поради инфлацијата која е на ниво меѓу 9 и 10 проценти на годишно ниво, предвидено е зголемување на пензиите и платите и исплата на сите субвенции за земјоделците. За тоа дека пред нас е најтешката зима не е заклучок само на нашите експерти, туку и на експерти од светско реноме истакна Ковачевски.
Подготвено од М.Н.