23.07.2022 Скопје
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, изјави дека пред Македонија е уште една задача, а таа е продолжување на патот на преговорите со Европската Унија, бидејќи веќе се започнати, секоја политичка партија и секој пратеник треба да има доволно чувство на одговорност во периодот што следи и да одлучи дали е „ЗА“ патот кон Европската Унија или е „ПРОТИВ“.
Маричиќ е убеден дека пратениците мудро ќе одлучат во следниот период и верува дека опозицијата ќе разбере колку е важен овој процес за Република Северна Македонија и дека ќе се обединат заедно со власта за патот кон Европската Унија.
Околу формирањето на работните групи што ќе бидат вклучени во процесот на европската интеграција и преговорите со Европската Унија, Маричиќ изјави дека е потребна широка општествена мобилизација на сите најдобри структури кои што ги имаме и во следниот период истакна дека ќе се работи на создавање на тимови и на нивно зајакнување.
Подготвено од М.Н.