11.07.2022 Скопје
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека Владата на Унгарија одбива да разговара за можноста за воведување на гасно ембарго врз Русија.
Сијарто изјави дека се наоѓаат во тешка ситуација, бидејќи испораките на гас од Русија за Европа се значително намалени, а стапката со која расте цената на природниот гас може да ги фрли на колена европските економии. Исто така, додаде дека Унгарија увезува приближно 30 милиони кубни метри гас секој ден, од кои половина се испорачува преку јужниот тек кој поминува преку Турција, Бугарија и Србија, додавајќи и дека Владата на Унгарија донела одлука да го зголеми увозот на гас и дека за грејната сезона мора да има складирани дополнителни количини на гас.
Унгарскиот министер за надворешни работи изјави дека и покрај сериозната безбедносна закана за Европа од војната во Украина, предизвик голем е и обезбедувањето енергетска и економска безбедност.
Подготвено од М.Н.