25.07.2022 Скопје
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјавил дека специјалната воена операција во Украина треба да ја урне сегашната Влада на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Лавров до пратениците на Самитот што се одржува во Каиро, порача дека Украинците мора да превземат чекор и да се ослободат од режимот на Зеленски, бидејќи рускиот и украинскиот народ ќе продолжат да живеат заедно и Русија ќе помогне во таа насока за ослободување.
Подготвено од М.Н.