24.07.2022 Скопје
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во свое видео обраќање изјави дека на почетокот на војната во Украина, областа Херсон беше окупирана од страна на Русија, но украинските сили постепено напредуваат кон таа област и повторно враќање под власт на Украина.
Зеленски истакна и дека окупаторите се обиделе да воспостават упориште во таа област, но неуспешно, чекор по чекор украинските вооружени сили навлегуваат во областа Херсон.
Руската армија која го започна својот напад од Крим, ја зазеде областа Херсон на почетокот на март годинава.
Подготвено од М.Н.