11.07.2022 Скопје
Од страна на рускиот претседател Владимир Путин е потпишан указ за олеснување на процедурата на граѓаните на Украина да добијат руски пасош.
Во указот на Путин се наведува дека жителите на Украина, Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск и луѓето кои немаат постојано државјанство на ДПР, ЛПР или Украина, имаат можност да аплицираат за државјанство на Руската Федерација во согласност со Законот за државјанство на Русија.
Претходната верзија на указот ги опфаќаше само жителите на регионите ДПР, ЛНР и Херсон и Запорожје во Украина.
Подготвено од М.Н.