https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/207443610_337307241315762_6836621673025438235_n.jpg?_nc_cat=107&ccb=1-7&_nc_sid=174925&_nc_ohc=g8aNk5ffc28AX9WQC7s&tn=a2HLWLKMXUCY1w2T&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT-RGuukAULXvCXh5B8BFYs6Cx9zk1zBg6ecQ2imcylmNA&oe=62DC2F07

17.07.2022 Скопје

Алексеј Гончаренко, кој е пратеник во Украина, му се закани на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Гончаренко на Вучиќ, преку социјалната мрежа Телеграм, му порачал за секој случај да си земе билет за Ростов, бидејќи можеби наскоро ќе му притреба.

Заканата од Украина пристигнала пред два дена на адреса на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на српскиот народ.

Пратеникот на Врховната рада на Украина, Алексеј Гончаренко на Телеграм изјави дека Украина заедно со Хрватска ќе му се одмаздат на српскиот претседател поради неговите изјави за специјалната операција.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за заканите од Украина изјави дека на украинскиот народ му посакува се најдобро, а Хрватите да си ја гледаат својата работа.

Подготвено од М.Н.

About Author