https://www.flickr.com/photos/153352659@N03/52036053415/in/photolist-2nmdxwP-2n46T76-2nnZspR-2ngkFNh-2nhgSBU-2nv8i2t-2nbzwnv-2nhfnLK-2n7Eeep-2nhHncA-2nztPRX-2iS3N8Z-2noy1SP-2n6UhBp-2nmvFEf-2njK4x9-2neyrZ5-2ndQZ94-2npqRd4-2nePy1h-2nsg97K-4pcokG-YfvuQP-2ndTcFS-2iS11hm

22.07.2022 Скопје

Без докази, со изјава, потпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, тврди дека Украина со дрон ја нападнале нуклеарната централа Запорожје, која е најголема нуклеарна централа во Европа и која беше окупирана од руските сили на самиот почеток на војната.

Захарова на твитер напиша дека среќа е што не се случила голема индустриска катастрофа, но одговорните мора да бидат идентификувани и казнети. Исто така, во објавата стои и дека нападот се случил пред три дена, но нејзините тврдења не се потврдени, бидејќи нема произнесено никакви докази околу овој напад.

Подготвено од М.Н.

About Author