https://www.facebook.com/photo.php?fbid=607689874047414&set=pb.100044192211463.-2207520000..&type=3

08.07.2022 Скопје

Откако судија на претходна постапка при Основен кривичен суд – Скопје беше задолжен за три лица поврзани со протестите од 5 и 6 Јули, определи мерка притвор во траење од осум дена.

Еден од нив е Цуфи Кока, кој во средата на плоштадот Скендербег впери пиштол кон демонстрантите и пукаше во воздух. Кока е брат на Зуди Енузи, кој од градоначалничката Арсовска беше назначен за директор на „Комунална Хигиена“ и вечерта, по овој инцидент, експресно беше разрешен од градоначалничката на Град Скопје, Арсовска.

https://www.facebook.com/photo/?fbid=4552770551405138&set=ecnf.100000167147899

Притвор доби и 18-годишното момче кое го запали молотовиот коктел и третиот притворен е 22-годишен Скопјанец, кој фрлал со камења кон зградата на Собранието и поставените полицајци при што еден од нив е повреден.

Судот смета дека се исполнети услови од член 470 ст.1 т.1 и 2, односно дека е можно да се пуштат во бегство или пак да го повторат кривичното дело. Против овие не правосилни решенија, странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на судот.

Подготвено од М.Н.

About Author