Image by GuidesGlobal from Pixabay

04.07.2022 Скопје

Инфлацијата во Турција руши рекорди, трошоците за живот во месец јуни пораснале за 78,62 отсто во однос на истиот месец претходната година.

Турската лира бележи континуиран пад, а потрошувачката и цените за производство бележат постојан пораст според најновите анализи на Националниот Завод во Анкара.

Опозицијата ја обвинува Владата дека ги крие вистинските бројки и тврдат дека инфлацијата е значително повисока.

Стапката на инфлација во Турција ја подгреваат неколку фактори, слабата национална валута, растот на цената на суровините и турската национална банка не превзема соодветни мерки за борба против инфлацијата.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, од друга страна, тврди дека високите камати се главниот извор на инфлацијата во земјата.

Од почетокот на годинава, каматната стапка се уште е задржана на 14 отсто и засега централната банка се воздржува од нови покачувања на каматите.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *