16.07.2022 Скопје
Денес Собранието трет ден ќе води расправа за Информацијата на Предлог-преговарачката рамка за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на претседателството на Франција со Советот. Расправата во изминатите два дена се одвиваше во тензична атмосвера, имаше и вербални конфликти и меѓусебни обвинувања меѓу пратениците од власта и опозицијата.
Според списокот на пријавени пратеници, останати се уште тројца кои имаат право на збор, по што Собранието ќе треба да донесе конечна одлука за предлогот од Франција.
Опозицијата бара отфрлување на овој предлог, кој според нив води кон директна асимилација на македонскиот јазик, додека пак премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница на првиот ден од расправата порача дека со понудениот предлог, македонскиот јазик јасно се прецизира како единствен, признат и прифатен јазик за Европската Унија.
Претседателката на Европската Унија, Урсула фон дер Лајен, која преку собраниската расправа се обрати пред пратениците, на твитер напиша дека нема сомнеж, македонскиот јазик е наш јазик и тие целосно го почитуваат тоа.
Подготвено од М.Н.