14.07.2022 Скопје
Додека траеше обраќањето на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, во Собранието, пратениците од опозициската партија извадија транспаренти отпечатени на македонски и на англиски јазик.
Транспарентите беа отпечатени двострано за да можат пораките да ги видат јасно и амбасадорите и странските дипломати, кои седеа во галеријата на собраниската сала.
Лајен се осврна и дека го разбира нивниот револт што долг период Македонија не ги започна пристапните преговори, но истакна дека ова е шанса која не смее да се пропушти.
Опозициските пратеници носеа и маици со отпечатено големо црвено „НЕ“ за францускиот предлог.
Подготвено од М.Н.