https://www.facebook.com/photo?fbid=446623094142674&set=pcb.446625370809113

29.07.2022 Скопје

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, изјави дека топлинската енергија до домаќинствата во Скопје навреме ќе биде испорачана и граѓаните не треба воопшто да се грижат за тоа.

На денешната прес-конференција во Владата, Битиќи нагласи дека она што е најважно во моментов е постапката за избор на нов економски оператор на топлинската енергија да биде транспарентна и да заврши на време. Според законот за енергетика, БЕГ мора да ги исполнува своите обврски се додека на негово место не се назначи нов оператор. Доколку ЕСМ го превземе управувањето со топлинската енергија во Град Скопје, како секоја друга компанија ќе треба да има соодветни финансиски ресурси, но дали тоа ќе биде ЕСМ или друг оператор неможеме да предпоставуваме се уште, изјави Битиќи.

Од Владата најавуваат и мерки за поддршка за најранливите категории на граѓани кои немаат алтернатива за греење, освен парно. Министерството за финансии веќе работи на овој пакет мерки за поддршка на најранливите категории на семејства кои имаат ниски месечни примања, изјави на прес-конференцијата министерот за економија, Крешник Бектеши.

Подготвено од М.Н.

About Author