https://www.facebook.com/photo?fbid=2606723902692027&set=pcb.2606724209358663

21.07.2022 Скопје

Иако имал понуди од други клубови, македонскиот репрезентативец реши да остане во овие кризни моменти на црвено-црните и да си го одработи својот договор до крај.

Откако настана познатата ситуација со исклучувањето на Вардар од Лигата на шампионите за престојната сезона од страна на ЕХФ, дилема беше дали репрезентативниот голман ќе остане во тимот или ќе побара нова средина, каде што ќе може да ги искористи своите вештини.

После долго и добро размислување, Томовски реши да остане во Вардар.

Неговиот договор со Вардар е една плус една година и сега му останува да доработи уште една сезона.

Мартин Томовски во Вардар дојде од германскиот клуб Лудвигсхафен, на самиот почеток од минатата сезона.

Подготвено од М.Н.

About Author