https://www.facebook.com/photo/?fbid=583179843177681&set=pcb.583174933178172

05.07.2022 Скопје

Холандскиот премиер Марк Руте, по средбата со албанскиот премиер Еди Рама, изјави дека доколку Северна Македонија не го прифати францускиот предлог, Албанија сама да продолжи по патот и смета дека тоа е праведно, но се надева дека нема да биде потребна ваква одлука.

Руте изразил оптимизам дека нема да има потреба од поделба на двете земји на нивниот пат кон ЕУ и додаде дека се свесни дека земјите од Западен Балкан работат напорно за да се приклучат кон ЕУ и ја имаат целосната поддршка од Холандија.

Предлогот нуди решение за сите преостанати грижи и ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во следните чекори доколку го прифати предлогот.

Руте истакна дека секој добива нешто, а нешто губи, но тоа е фер резултат и се надева дека сите заедно ќе можеме да одиме во иднината.

Од своја страна пак, Еди Рама високо ја оценил посветеноста на Холандија околу процесот на пристапување во ЕУ, Руте дури и предложил да има албанско-холандска иницијатива, која ќе го води процесот за влез во ЕУ.

Подготвено од М.Н.

About Author