https://www.flickr.com/photos/51758282@N02/9157735889/in/photolist-4dVMw4-67iq1L-XAkLPv-5GmP6e-qJaoN5-pYczuW-eXeMQ6-qyERL6-2gLaRex-fToAFU-bBN6FL-mr2hzr-6tRqU4-uazqE-an7BXV-pFJftN-7MLXvZ-nvK9jJ-28S5ga-5kD7kT-24nXJN1-5kHmGC-7uPiiX-gKSvpC-u8zUVg-4g4eUp-ttc2J4-wKvP3-2nk1jny

25.07.2022 Скопје

Турското Министерство за одбрана соопшти дека во неделата во близина на Родос се случил инцидент, бидејќи од страна на Грција бил истуркан чамец полн со бегалци во турските територијални води.

На социјалните мрежи, турското Министерство за одбрана објави снимка од дрон, на која се гледа како грчката крајбрежна стража влече брод со бегалци во турските територијални води во близина на одморалиштето Мармарис во југозападна Турција.

Од грчката крајбрежна стража се уште нема коментар за обвинувањата на Организациите за човекови права и Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации, велејќи дека пресретнува многу често неидентификувани чамци и со тоа мора да ги заштити своите граници.

Подготвено од М.Н.

About Author