30.07.2022 Скопје
Во врска со дискусијата која се отвори овие денови за потеклото на тенковите кои се подаруваат на Украина, една од партиите во Р.Северна Македонија појасни дека ако се работи за истите тенкови кои се набавени во кризата 2001 година, тие тенкови не се донирани од Русија туку се купени од Украина.
Од партијата на Љупчо Георгиевски, кој во 2001 година беше на чело на државата, потенцираа, дека тенковите не се добиени како донација од Русија, како што се шпекулира во јавноста, туку државата ги има купено со македонски пари.
Оттука коментираат дека со оглед на околностите, добро е Северна Македонија да добие некаква компензација од НАТО земјите, со оглед на фактот дека овие тенкови се сеуште функционални и употребливи, потенцираа од партијата на Георгиевски.
Подготвено од М.Н.