11.07.2022 Скопје
Американските функционери развиваат план за намалување на глобалните цени на нафтата, кој досега не бил испробан. Овој план би бил во согласност со европските санкции и би овозможил одржување на испораките на руската сурова нафта на светските пазари по значително намалена цена.
Белата куќа стравува дека новата серија европски санкции, чија цел е глобален прекин на протокот на руска нафта до крајот на годинава, може да доведе до бројни поскапувања на цените на енергетските производи, што дополнително ќе ја загрозат оптоварените потрошувачи на САД и ќе го доведат светот во сериозна економска криза.
Подготвено од М.Н.