01.07.2022 Скопје
По еднонеделните штрајкови и блокади на улиците во цело Скопје, претставници од органите и телата на граѓанските синдикати, денес од пред Собранието побараа од пратениците, членови на Комисијата за финансирање и буџеџ да го поддржат амандманот на ССМ на ребалансот на Буџетот за линеарното зголемување на платите.
Дарко Димовски посочи дека продолжуваат со штрајкот и информираше дека, во моментов, преговараат со пет оштини и 12 јавни комунални претпријатија и додаде дека за оние што мислат дека се виновни за не изгласувањето на амандманот, ќе побараат оставки без разлика дали се пратеници, министри, градоначалници, директори на претпријатија и институции, ќе ги повикаат и кажат јавно, исто така, ќе ги посочат и оние кои се решиле да го одобрат покачувањето од 2 806 денари, а до сега се 25 јавни комунални претпријатија и во овој момент пет општини.
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, изјави дека во јавниот сектор насекаде продолжува штрајкот и повикува на конечно изгласување на линеарното покачување на платите, бидејќи ако не се случи тоа, нема полошо некој да побара од некого оставка или разрешување, бидејќи не си ја извршува достојно работата.
Подготвено од М.Н.