27.07.2022 Скопје
Сојузот на синдикати на Македонија, упатија реакција до Владата, да се донесе одлука за зголемување на платите за 18.4 отсто согласно со Законот, а не да ги манипулираат работниците со паушали без никакви критериуми.
Според сојузот, Владата води погрешна политика, мисли дека креира политики со кои се справува со кризата, а податоците го покажуваат спротивното, дека разликата меѓу просечната нето плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари. Сојузот ги потсетува Владата, општините и газдите од приватниот сектор дека Кривичниот законик се применува за сите, без исклучок, а се предвидува за секој што свесно не се придржува кон законот, кажаа од ССМ. За тоa, од септември, како што вели законот, платите и во јавниот и во приватниот сектор треба да бидат усогласени за 18.4 отсто и ССМ, ќе се бори и ќе истрае до крај за работниците да добијат достоинствени плати утврдени согласно Законите и колективните договори кои мора да бидат спроведени и покрај сите притисоци, истакнаа од ССМ.
Подготвено од М.Н.