ssm

06.07.2022 Скопје

Поради неисполнувањето на барањето на ССМ за линеарното зголемување на платите за 2 806 денари, денес ќе одржи претседателство на кое ќе се донесе одлука за натамошните чекори што ќе го превземаат. Синдикатот го почна генералниот штрајк во јавниот сектор на 22 Јуни со барање за линеарно зголемување од 2 806 денари во нето износ за сите вработени и за тоа беше поднесен и амандман во Собранието, кој по ребалансот на Буџетот не беше прифатен.

Штрајкот следеше откако не беше постигнат договор меѓу Синдикатот и Владата, по што на првиот ден од штрајкот беа поставени 120 столчиња пред Собранието, на вториот ден 21 столче пред Владата, Министерството за финансии, труд и социјална политика и информатичко општество и администрација.

Синдкалните претставници и три часа го блокираа влезот на Скопје кај Автокоманда.

Подготвено од М.Н.

About Author