26.07.2022 Скопје
Денешната средба на претседателот Стево Пендаровски и португалскиот министер за надворешни работи, Жоао Гомес Кравињо, кој е во прва официјална посета на Република Северна Македонија, беше проследена со дипломатски теми за разговор.
Пендаровски изразил благодарност за силната поддршка од Португалија во исполнувањето на нашата европска агенда и посочил дека Северна Македонија означува ново поглавје, што е од огромно значење за државата.
Пендаровски посочил и дека земјава интензивно се подготвува за скрининг процесот, кој ќе започне во септември и се очекува да даде просек за подготвеноста и усогласеноста на македоноското и европското законодавство. Двајцата соговорници се согласиле дека отворањето на пристапните преговори на Република Северна Македонија и Албанија е од суштинско значење во актуелните геополитички и безбедносни околности и справување со влијанијата од руската агресија врз Украина.
Подготвено од М.Н.