https://www.facebook.com/photo/?fbid=597597885286695&set=pcb.597598255286658

31.07.2022 Скопје

Во врска со ситуацијата на Косово, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во своето обраќање до јавноста кажа дека властите во Приштина од вечерва на полноќ планираат да ги стопираат сите што имаат српски лични карти на административните премини и со тоа Србија никогаш не била во посложена и потешка ситуација во однос на Косово, како што е денес.

Вучиќ истакна дека режимот во Приштина се обидува да го искористи расположението во светот, играјќи на картата „големиот Путин му нареди на малиот Путин“, па „малиот Зеленски“ во ликот на Албин Курти некого ќе спаси и ќе се бори против големосрпската хегемонија. Воедно, додаде дека Приштина има донесено одлука да наметне работи што нема право да ги наметнува, пред се на луѓето на северот на Косово и Метохија и дека тие однапред ги испратиле своите единици со 21 тон гориво и се останато на административните премини Јариње и Брњак, со желба да ги запрат сите што имаат српски лични карти и со тоа да ги убедат Србите да се откажат од КМ табличките.

Претседателот на Србија објасни и дека Приштина се повикува на Договорот за слобода на движење потпишан од Борко Стефановиќ и Едита Тахири во 2011 година, во кој точката три вели дека секоја страна може да имплементира систем со кој личните карти ќе бидат придружени со писмени документи за излез за оние кои патуваат во транзит во трети земји, користејќи статусно неутрален јазик, но тоа не може да важи за Србите од Косово, бидејќи тие не ја претставуваат другата страна, ниту пак патуваат транзитно во трети земји.

Вучиќ потсети и дека со договорот од 2011 година, се воведени RKS и статусно неутрални таблички KS издадени од УНМИК, а нивната важност е ограничена на пет години со најавата дека по истекот на тој период, двете страни повторно ќе го разгледаат прашањето.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author