29.07.2022 Скопје
Во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, претседателот на Србија Александар Вучиќ, најави дека повторно ќе и помогне на Северна Македонија.
Во изјава на една национална телевизија во Србија, Вучиќ објасни дека во рамки на оваа иницијатива трите земји треба меѓусебно да се помагаат во наредните месеци што доаѓаат. Секој секому треба и може да помогне, може во одредени денови да и помогнеме на Северна Македонија со струја и храна. Постојат различни денови, некој повеќе се ослонува на хидрологијата, кога е добра Албанија може да и помогне не Северна Македонија, понекогаш дури и на нас, објасни Вучиќ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ беше меѓу првите кој пружи помош, со што и даде на Македонија вакцини во пандемијата Ковид-19, а колоните од брашно и зејтин стигнуваа во нашата држава кога беше најголемата криза за основните животни намирници.
Подготвено од М.Н.