Image by Aleš Kartal from Pixabay

21.07.2022 Скопје

Според анализа на моменталната состојба и резервите на пченица по жетвата во Србија, Владата донесе одлука да ја укине забраната за извоз на пченица и пченка.

Одобрено е и извоз на 4 000 тони рафинирано сончогледово масло, а слободниот извоз на житните култури ќе важи до почетокот на есента, односно до новата проценка на состојбата и вкупните резерви на клучните житни култури.

Освен за извозот на пченката и пченицата, Владата на Република Србија донесе изменета одлука и за привремената забрана за извоз на еуро дизел ЕН 590, со што истата забрана се продолжува уште седум дена, бидејќи енергетската криза на светскиот пазар се уште трае и можноста за критичен недостиг на оваа стока, значајна за граѓаните на Србија, се уште не дозволува да биде тргната забраната за извоз на истата.

Подготвено од М.Н.

About Author